Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год




ИмеРепублика македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год
страница1/3
Дата на преобразуване30.10.2012
Размер277.48 Kb.
ТипДокументация
източникhttp://www.kvf.org.mk/docs/izvestaj_6.docx
  1   2   3
grb-crno-bel

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ


И З В Е Ш Т А Ј

ЗА РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ

ЗА ПЕРИОДОТ ОД 15 ЈУЛИ 2011 - 15 ЈАНУАРИ 2012 ГОД.


.


СКОПЈЕ, 15 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


С О Д Р Ж И Н А:


ВОВЕД ..............................................................................................................................3

1.СТАТУС И НАДЛЕЖНОСТИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ .........................................................................................................................5

    1. СТАТУС ...................................................................................................................5

    2. НАДЛЕЖНОСТИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ ..............7

2. КАПАЦИТЕТИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ ...8

2.1. ПРОСТОРНИ УСЛОВИ ...............................................................................................8

2.2. БУЏЕТ НА КОМИСИЈАТА ...........................................................................................8

2.3. СЕКРЕТАРИЈАТ НА КОМИСИЈАТА.............................................................................9


3. СЕДНИЦИ НА КОМИСИЈАТA .............................................................................11

4. ВЕРИФИКАЦИЈА НА ИЗЈАВИ ..............................................................................13

4.1. ПОКРЕНУВАЊЕ ПОСТАПКА......................................................................................14

4.2. ДОСТАВЕНИ ИЗЈАВИ ................................................................................................15

4.3. ДОСТАВЕНИ ПОДАТОЦИ, ИНИЦИЈАТИВИ И ПРЕСТАВКИ ОД ТРЕТИ ЛИЦА............18

4.3. БАРАЊА И ОДГОВОРИ ОД НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ...........................................18

4.4. ДОНЕСЕНИ ЗАКЛУЧОЦИ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ИЗЈАВИТЕ .................................19

4.5. ВЕРИФИКУВАНИ ИЗЈАВИ...........................................................................................22

4.6. ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ……………………........................................................................23

4.7. ДОПИСИ ДО ИНСТИТУЦИИ.......................................................................................24


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


5. ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА КОМИСИЈАТА...............................................25


6. ДРУГИ АКТИВНОСТИ...........................................................................................25


7. ВЕБ СТРАНИЦА......................................................................................................26


8. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА..............................................................................27


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


Почитувани,

Комисијата за верификација на фактите, (во натамошниот текст Комисијата, или КВФ), врз основа на член 21 став 6 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Сл.Весник на Р.М” бр.14/08,64/09 и 24/2011), има обврска за својата работа да доставува шестмесечeн извештаj до Собранието на Република Македонија.

Комисијата до Собранието на Република Македонија од своето постоење до сега има поднесено пет извештаи за својата работа, а овој е шести извештај. Овој се однесува за периодот од 15 јули 2011 година до 15 јануари 2012 година.

Овој извештај за работата на Комисијата за верификација на фактите, го прикажува целокупното работење на Комисијата, во овој извештаен период, а посебно ги опфаќа условите за работа, процесот на верификација на изјавите, покренување постапка за верификација на изјавите, утврдување вистинитост на изјавите, утврдување неподнесување на изјавите, поведување и спроведување постапка по службена должност за верификација на факти, соработката со институциите определени во законот, финансиската состојба на Комисијата, Буџетот за 2012 година, приоритетите на Комисијата , предизвикот на работата, проблемите во работата, секако и предлагајќи одредени предлог на мерки и сл.

Извештајот отворено, објективно и аргументирано ја прикажува работата на Комисијата за верификација на фактите во периодот од 15 јули 2011 година до 15 јануари 2012 година, која во овој период ја извршуваше Комисијата за верификација на фактите, согласно Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција. За подобар


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


преглед на работата Извештајот содржи содветен број на графикони и табели.

Извештајот се доставува до Собранието на Република Македонија, со цел да се добие непосреден увид и запознавање на пратениците со работата на Комисијата за верификација на фактите.


Со почит,


Томе Аџиев, претседател

Агим Мехмети, заменик претседател

Ѓорѓи Малковски, член

Новица Велјановски,член

Марија Милошевска, член

Вецко Здравевски,член

Шпенди Винца, член

Даут Даути, член

Благоја Гешоски, член

Јанаќе Витановски, член

Чедомир Дамјановски, член


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012



  1. СТАТУС И НАДЛЕЖНОСТИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ




    1. Статус



Собранието на Република Македонија, на своја седница одржана на ден 29.01.2008 година го донесе Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.

Со Законот се определи дополнителен услов за вршење јавна функција, кој треба да го исполнува секој кандидат за носител или носител на јавна функција, како и лицето кое било носител на јавна функција, а кое не е починато, а чие исполнување го утврдува Комисијата за верификација на фактите. Тоа го утврдува, на начин и во постапка по доставена писмена изјава заверена кај нотар, со која кандидатoт за носител или носителот на јавна функција изјавува дека не соработувал со органите на државната безбедност, како и по службена должност, од периодот на донесувањето на Декларацијата на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, а кој е опфатен во законот, како таен соработник или таен информатор, при оперативно прибирање на информации што биле предмет на обработка, чување и користење од органите на државната безбедност, или издавал наредби, или бил корисник на информациите од тајниот соработник, или од тајниот информатор, со кои што се кршени, или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини, и за тоа стекнал материјална корист, или бил привелигиран при вработување или напредувал во службата.

Комисијата за верификација на фактите, Собранието на Република Македонија ја избра на 15 јануари 2009 година.

Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


Комисијата е составена од 11 члена, односно од претседател, заменик претседател и 9 члена. Согласно Законот Комисијата е избрана со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници со мандат на траење од 5 години.

Со Законот за измени и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција донесен на 01 јуни 2009 година, (“Службен весник на Република Македонија” бр.64/2009), функцијата член на Комисијата се врши професионално.

Собранието на Република Македонија од редот на членовите на Комисијата на предлог на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата на Собранието ги избира претседателот и заменик претседателот на Комисијата.

Според законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Комисијата е самостоен и независен орган кој ја води постапката на утврдување на фактите од изјавата поднесена од лицата опфатени во член 5 од Законот.

Комисијата има својство на правно лице, со седиште во Скопје, бул.„Гоце Делчев“ бб- Зграда на МРТВ 17-ти кат.

Средствата за работа на Комисијата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија

Членовите на Комисијата поседуваат безбедносен сертификат и имаат пристап до информациите класифицирани со степен “Државна тајна”.

За вршење на стручните, административните и техничките работи Комисијата има формирано Секретаријат како стручна служба на Комисијата. Во Секретаријатот како стручна служба на Комисијата за верификација на фактите за вршење на стручните, административните и техничките работи Комисијата има вработени 4 државни службеници и тоа:

Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


1. едно лице, Виш соработник за комуникација со јавноста и државните органи;

2. едно лице, Соработник за соработка со државните органи;

3. едно лице, Соработник за архивски работи; и

4. едно лице, Самостоен референт – доставувач.

Секое ангажирано лице во Комисијата поседува безбедносен сертификат за пристап до информации со степен „Државна тајна“.


    1. Надлежности на Комисијата за верификација на фактите



Надлежностите на Комисијата за верификација на фактите се утврдени во Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Службен весник на Република Македонија” бр. 14/08, 64/09 и 24/2011).

Според законски утврдените надлежности Комисијата за верификација на фактите:

- утврдува вистинитост на поднесена изјава;

- покренува постапка по службена должност, по своја иницијатива или иницијатива на трети лица;

- утврдува неподнесување писмена изјава;

- ги информира надлежните органи за натамошно постапување;

- донесува деловник за работа;

- води регистар согласно со член 10-в став 1 на законот;


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


- изготвува шестмесечен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија; и

- извршува и други работи кои овозможуваат утврдување на фактите определени со овој закон.



  1. КАПАЦИТЕТИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ



Институционалните капацитети на Комисијата за верификација на фактите се ценат според материјално финансиските и други услови за работа, кадровската екипираност и стручната оспособеност.



    1. Просторни услови



Комисијата за верификација на фактите поседува свои простории за работа со површина 353 м2 кои се наоѓаат во зградата на “Македонската радио телевизија”, на 17-ти кат. Комисијата, може да констатира, дека во овој извештаен период има добри просторни услови за работа.



    1. Буџет на Комисијата



Комисијата за верификација на фактите како посебен и независен орган се финансира од Буџетот на Република Македонија и тоа раздел 02008 – Комисија за верификација на фактите, програма 2, подпрограма 20 сметка 637.


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


Долгот на Комисијата за верификација на фактите, кон добавувачите, заклучно со 15.01.2012 година изнесува 21.392,00 денари. Овие средства, би можеле да се реализираат и долговите би можеле целосно да се исплатат. Останува долгот кон членовите на Комисијата кои живеат надвор од седиштето на Комисијата и патуваат за редовни активности и присуство на седниците на Комисијата за периодот од втората половина од 2011 година.

Владата на Република Македонија на Комисијата и има доделено патничко моторно возило Сузуки-Свит, произведено 1995 год.

2.3. Секретаријат на Комисијата


За вршење на стручните, административните и техничките работи на Комисијата како законска обврска е формиран Секретарјат како стручна служба на Комисијата, а со кој раководи Генералниот Секретар.

Персоналниот состав на Секретаријатот, како стручен тим учествува во активностите на Комисијата за верификација на фактите, со постојаното надградување и со обуки од различни области, а поседувајќи безбедносен сертификат и пристап до информации класифицирани со степен “државна тајна”, успешно и помагаат во работата на Комисијата.

Но сепак, стои потребата од доекипирање на секретаријатот, пред се со зголемување на бројот на државни службеници во секретаријатот, како услов за јакнење на работниот капацитет на Комисијата за верификација на фактите во сите сегменти на дејствување.


Комисија за верификација на фактите

Извештај за период од 15.07.2011 до 15.01.2012


Правилникот за систематизација на работните места на Секретарјатот на Комисијата за верификација на фактите беше донесен на седницата на Комисијата на 30.10.2009 година, а согласно измените и дополнувањата на Законот за државните службеници, Комисијата на 23.08.2010 година донесе нов правилник, сообразен со измените и дополнувањата на законот. Агенцијата за државни службеници за Правилникот даде позитивно мислење бр.07-753/2 на ден 10.11.2009 година и на измените бр.07-3932 на 26.08. 2010 година.

Со Буџетот на Република Македонија за 2011 год. Раздел 02008 Комисија за верификација на фактите, програма 2, сметка 637, ставка 400 плати и надоместоци Комисијата има редовно вработено четири државени службеници за вршење на стручните, административните и техничките работи на Комисијата.

Комисијата во 2011 година, а по добиена согласност од Министерството за финансии за редовно вработување на државни службеници за вршење на стручни, административни и технички работи, согласно правилникот за систематизација на работните места на Секретаријатот на Комисијата, Комисијата пополни четири работни места во Секратаријатот на Комисијата.

Во наредниот период, потребно е пополнување уште на неколку нај неопходни работни места, бидејќи Комисијата, со оглед на зголемениот обем на работа, има потреба од вакви службеници за редовно и поквалитетно извршување на обврските. Се надеваме дека во периодот кој доаѓа и овој проблем Комисијата ќе го надмине.
  1   2   3

Добавете документ към вашия блог или уеб сайт

Свързани:

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год icon27. 02. 2007, Скопје Соопштение за медиуми колку работеле и што сработиле пратениците од овој состав мониторинг на работата на Собранието на р македонија
Мониторингот на работата на пратениците и Собранието на р македонија, што го спроведе Граѓанска асоцијација мост во периодот од август...

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconСтудиска посета во република бугаријА
Во рамки на спроведувањето на активностите кои се предвидени со Договорот потпишан меѓу зелс (комисијата за рурален развој) и снв...

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconСписок детей по Тат. Булярской средней общеобразовательной школе за 201 1 -201 2 уч год

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconФакултет по фармация график за редовна изпитна сесия за IV курс, летен семестър, 201 2 /201 3 год

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconОсновно училище „васил априлов бургас учебна 201 2 / 201 3 година – I срок

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconКонсултационничасов е на преподавателите от катедра "мио и бизнес" през зимния семестър на учебната 201 2 /201 3 г

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconРазпис на лекциите, упражненията и клиничната практика Специалност "Акушерка" –ііі курс, V i семестър уч. 201 2 /201 3 г

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconДо собранието на република
Изборниот законик на седницата, одржана на 25 јули 2006 година го утврди и на Собранието на Република Македонија му поднесува

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconСтенографски белешки
Второто продолжение на Четвртата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 21 јули 2011 година

Република македонија комисија за верификација на фактите извешта ј ЗА РАБОТАТА На комисијАТа за верификација на фактите за периодот од 15 Јули 201 1 15 Јануари 201 2 год iconСтенографски белешки
Деветтото продолжение на 35-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 18 јули 2012 година

Поставете бутон на вашия сайт:
Документация


Базата данни е защитена от авторски права ©bgconv.com 2012
прилага по отношение на администрацията
Документация
Дом